КУД „Српски Вез“ од Куманово одбележа десет години од своето постоење
Градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на фолклорната ревија по повод десет години од постоење на Културно-уметничкото друштво „Српски вез“. На ревијата беа претставени носии кои „Српски Вез„ ги изработи во изминатите десет години. Настанот, кој е дел од проектот „Денови на српска култура во Куманово-работилница за изучување на српски јазик„ беше збогатен и со културно-уметничка програма.