Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Легендарниот кошаркар Зоран Славниќ во посета на Куманово после 50 години

 

Во организација на Граѓански форум – Куманово, срдечно беше пречекан поранешниот југословенски кошаркар, Зоран Славниќ (Мока), од страна на претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, раководителот на Сектор за образование, Александар Јовановиќ, претседателот на комисијата за култура и спорт – Граѓански форум Куманово, Марјан Стошевски, претседателот на ОССК, Филип Колевски и кумановската кошаркарска легенда Душко Ивановски – Боби.
На пријателската средба, беа евоцирани спомени од богатата спортска историја на поранешна Југославија, поврзани со клубските настапи на кумановската кошаркарска екипа низ годините.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст