Машко новороденче во Новата 2024 година во Куманово
На 01.01.2024 година во 03:30 часот наутро, се роди машко бебе на Одделот за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница – Куманово.
Новиот жител на градот е втора радост во семејството Јусуфови.
Традиционално од името на Општина Куманово, денеска на среќната мајка Назлије и беа врачени пригодни подароци, наменети за првороденото бебе во Новата 2024 година.
Честитки со желби за здравје, среќа и успешна иднина, упатија претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и претставникот од општинската администрација Фатос Аќифи.