Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Мелани Максимовска освои бронзен медал на Светската олимпијада за геонауки во Индија

Претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска заедно со секретарот на Општината Гелевски и раководителот на Сектор за образование Јовановиќ, денеска остварија средба со Мелани Максимовска, ученичка во СОУ Гимназија “Гоце Делчев” и директорката на училиштето Тодоровска. Повод за денешната средба беше освоениот бронзен медал на Максимовска на Светската олимпијада за геонауки IESO (International Earth Science Olympiad) во Индија 2023, во главната категорија Data mining test-DMT. До стекнувањето на квалификации за учество на Олимпијадата, ментор на ученичката беше проф. Емилија Ангеловска, додека за финалната подготовка беа задолжени професори од Природно – математичкиот факултет Скопје, Отсек географија.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст