Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меморијален ракометен турнир – Љубомир Насковски – Мастика

Прв меморијален турнир во ракомет, во чест на кумановскиот спортист Љубомир Насковски – Мастика, се одигра денеска во спортскиот комплекс Соколана, Куманово.

Насковски е прославен ракометар на кумановскиот клуб, оставил зад себе бројни признанија, гордо носејќи го дресот на родниот град повеќе години.
На турнирот учествуваа две екипи, “млади” и “стари” ветерани на ракометниот клуб Куманово.
Пред љубителите на спортот и почитувачи на ликот и делото на легендарниот ракометар, се обрати Александар Крстевски, раководител на Секторот за култура и спорт при Општина Куманово, покровител на оваа манифестација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст