Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Обдележан Денот на македонската револуционерна борба во Куманово

Со пригодна културно – уметничка програма во Занаетчиски дом, денеска беше одбележан 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, во организација на Фондација за култура и спорт Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината.
Манифестацијата беше отворена со поетска творба Татковинаво чест на празникот, во интерпретација на ученичка од СОУ Перо Наков – Куманово.
Присутните имаа можност да разгледаат изложбена поставка на историски документи и фоографии на основачите на Внатрешната македонска револуционерна организација – ВМРО, од ризницата на НУ Музеј – Куманово, по што следуваше и проекција на документарен филм за ликот и делото на македонскиот визионер и револуционер, Гоце Делчев, во продукција на МРТВ.
На настанот присуствуваа претседателката и членови на Совет на Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст