Одбележан 7 Септември – Денот на ослободување на Делчево
Во пресрет на 8 Септември, Денот на независноста на РС Македонија, делегација на Општина Куманово присуствуваше на свечената академија во чест на одбележувањето на Ден на градот Делчево.
Пригодната празнична програма се одржа во центар Спомен – дом АСНОМ во Делчево.
Во знак на благодарност и солидарност, на Општина Куманово и беше доделена плакета за искажаната поддршка, за време на неодамнешните катастрофални поплави кои го зафатија регионот.