Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

15-ти Детски фестивал на албански јазик “Пеперутка”

На сцената на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово денеска се одржа Детскиот фестивал на албански јазик “Пеперутка”, во организација на Здружението на уметници и музичари – ХА&EM од Куманово.
Беа интерпретирани 21 песничка, создадени од македонски автори и композитори од соседните земји, Албанија, Косово и Србија.
Сценскиот настап беше збогатен со  игра на членовите од КУД “Бајрам Шабани”- Куманово, а настапија и пеачи, гости од другите градови на нашата земја.
Освен награди и признанија за најуспешните, за сите учесници на фестивалот беа доделени плакети.
Детскиот фестивал “Пеперутки” традиционално се организира по петнаесетти пат, со поддршка на општина Куманово и Министерството за култура  на РСМ.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст