Градоначалникот Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово Ѓорѓиевска го посетија Домот за стари лица Зафир Сајто по повод 8ми Март
По повод Денот на жената – 8 Март, градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска го посетија Домот за стари лица “Зафир Сајто” во Куманово, каде на припадничите на понежниот пол кои престојуваат во домот, како и на персоналот кој се грижи за нив во домот им подарија рози во знак внимание и почит кон нив. Секоја една жена заслужува внимание!