Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пригодно одбележан јубилеј на ГШК Куманово

 

Градскиот шаховски клуб Куманово одбележа 90 години постоење, вечерва во Занаетчиски дом – Куманово.
Пред присутните љубители на оваа спортска игра, беше прикажана видео презентација со досегашните постигнати резултати на членовите на клубот, на национално и меѓународно ниво.
Во знак на внимание и почит, домаќините доделија плакети и благодарници на најзаслужните спортисти, на ветераните и институциите, кои низ годините беа поддршка на шаховскиот клуб.
На свечената манифестација присуствуваа претставници од домашни и странски клубови, од шаховската федерација, претставници од Агенцијата за млади и спорт Македонија (АМС), како и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст