Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Решение со утврдена даночна основа за данок на промет на недвижност и решение за даночно ослободување

Сектор:

Одделение:

Сектор за даноци и такси

 

Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, данок на наследство и подарок

Одговорно лице: Андријана Недељковски
Телефон: 031 511 307
е – мail: [email protected]
Работно време: 8.00-16.00 часот

Опис и тек на постапката во чекори:

Поднесување на даночна пријава се врши во канцеларија бр 2 во Одделенеие за утврдување и наплата на данок на промет, данок на наследство и подарок , при Општина Куманово.

-Услов за поднесување на даночна пријава е странките наведени во актот кој е предмет на заверка во даночно одделение требаат да го имаат платено данокот на имот .Доколку го имаат подмирено т.е платено данокот на недвижен имот овластените референти во канцеларија бр.2 или 4 им издаваат потврда за подмирени даноци на имот и истите се прикачуваат кон даночната пријава

– Поднесувањето на даночната пријава е проследено со уплата на административна такса согласно Законот за административни такси приложувајќи оригинален заверен образец ПП 50 во износ од 250,00 денари за еден даночен обврзник и плус 50,00 денари за барањето-даночната пријава .

На пример доколку има двајца даночни обврзници кои треба да го платат даннокот на промет на недвижност ќе треба да се извржи уплата од 550,00 денари (2* 250,00 +50,00 );

  1. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон,откако овластениот референт при одделение за администрирање на приходи ќе увиди дека даночната пријава е комплетирана со сите потребни спсиси ја потпишува во горен десен агол и го упатува даночниот обврзник даночната пријава да ја достави во Архивата при Општина Куманово.
  2. Наредниот работен ден од Архивата по служен деловодник се доставуваат даночните пријавии до Раководител за сектор кој врши прераспределеување на даночните пријави на Овластените проценувачи при Општина Куманово.
  3. Пред да се распределат пријавите на овластени службеници соодветните референти ги евидентираат даночните пријави во интрената евиденија во одделението.
  4. Увид на лице место како и утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот кој е предмет на купопордажба или тужбено барање ја утврдува овластениот преценувач при Општина Куманово во канцеларија бр. 5 при Општина Куманово .Овластените проценувачи ден пред да извршат увид на лице место ги контактираат телефонски, лицата наведени за контакт во даночната пријава со цел да се договори термин за лице место . На лице место увид вршат даночниот обврзник или овластен полномошник ,овластен проценувач при Општина Куманово .На лице место се составува запсиник за увидена соостојба ,се праваат фотографии и истиот се потпишува од страна на странката т.е даночниот обврзник.
  5. Овластениот прценувач при Општина Куманово потоа врши пресметка на пазарната вредност врз основа на пропишани методологии за утврдување на пазарна вредност и составува Записник кој истиот го потпишува и го проследува на конторла кај Раководителот на Одделение за утврдување и наплата на данок на промет, данок на насмедство и подарок при Општина Куманово .Откако контролорите ке увидат дека постои правилно утврдена пазарна вредност изготуваат контролен запсиник со кој се потврдува пазарната вредност на Овластениот проценувач при Општина Куманово.
  6. Овластеното лице потоа изготвува Решение за данок на промет на недвижност кое потоа заедно со сите списи во даночната пријава го проследува на контрола кај Раководоителот на одделение и одобрение кај Раководителот на Сектор потоа оди на потпис кај Градоначалник на Општина Куманово .
  7. Откако Решението ќе биде потпишано од страна на Градоначалник на Општина Куманово истото се доставува во Архива на Општина Куманово на заверка.Откако Решенијата ќе бидат заверено во Архивата на Општина Куманово по службен пат се доставуваат до Оддление за утврдување и наплата на данок на промет, данок на наследство и подарок.
  8. Доколку постои даночно ослободување во Решението предиведено согласно Законот за даноци на имот ,овластеното лице врши заверка на актите со штембил и поптис кои се предмет на заверка (договор за купопродажба,судска пресуда,договор за физичка делба итн).И комплетната даночна пријава ја проследува во канцеларија бр 2 каде што странките т.е даночните обврзници можат да си ги  подигнат заверените документи.
  9. Решенијата за данок на промет на недвижност во кој постои даночно задолжување се доставуваат до даночните обврзници. Истите се повикуваат телефонски или Решенијата се препорачаат со препорачано писмо.
  10. Даночните обврзници откако ке го уплатат износот по данокот на промет на недвижност,налогот за уплата образец ПП 50 наведен во Решенијето за данок на промет на недвижност го доставуваат кај надлежните Референти во канцеларија бр.2 ( по 24ч или 48ч зависно од терминот на уплата во комерцијалните банки) Во Сектор за даноци и такси при Општина Куманово, а административните службеници оретходно по добиени изводи од Трезор, вршат заверка со штембил и потпис на сит епримероци на доставените акти и како такви ги доставиват во канцеларија бр.2 за подигнување.
  11. Доколку странка не го подимири долгот во рок од 15 дена од ден на примет на днаочно решение му се пресметавуа законска затезна камата, која е должен да ја плати пред да ги подигне документите.
  12. Оние кои нема да ги подмират своите обрски добиваат Опомена а по 8 дена добиваат и Решение дека ќе се изврши присилна наплата. По ситекување на сите законски рокови се вишти блокада на трансакциска сметка во соодветни комерцијални банки.
  13. По завршување на сите овие чекори предметите се прследуваат за работа во данок на имот и се архивираат.

Потребни документи:

1.     Даночна пријава за утврдување на данок на промет на недвижност (законски пропишана форма);

2.  Договор за купопродажба заверен од адвокат како и поптпишан од продавач/и и купувач/и,правослино судска пресуда,правосилно судско решение ,договор за доживотна издржка итн (број на примероци наведени во договор или нотарски акт);

3.  Сите погоренаведени документи треба да бидат во миниум 4 примероци ;

4.  Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист не постар од 6месеци, поседовен лист или претходно заверен доказ за сопственост);

5.  Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Рокови за постапката најдоцна во рок од 1 месец ако со посебен пропис не е
определен пократок рок (чл. 221 став 1 од ЗОУП )
Документ/акт што Решение за   утврдена даночна   основа   за данок на
граѓанинот го добива наследство и подарок (втор и трет наследен ред)

Сите потребни информации за данок на промет, населдство и подарок може да се добијат во канцеларија во бр.2,5, 7 и 9 во Сектор за данци и такси

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст