Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжува проектот субвенционирано пливање за ученици од основни и средни училишта

Денеска на затворениот градски базен во Куманово се одржа презентација на час по пливање, во рамки на проектот кој продолжува и оваа учебна 2024/25 година.
Субвенционираните наставни и воннаставни пливачки активности за ученици од општинските основни и средни училишта, ги организира Секторот за образование при Општина Куманово, со цел да се стекнат навики за здрав и активен живот кај децата од најрана возраст.
Бесплатните часови за пливање ќе ги водат наставници по физичко и здравствено образование, по утврден распоред на термини во две смени.
Организирана е и обука за наставници кои ќе имаат настава со ученици со посебни потреби.
Досега се пријавени 1100 ученици од општинските училишта.
На денешниот промотивен настан присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст