Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промовирана стихозбирката “Ноќни белешки” на Весна Тодоровска

Вечерва во Занаетчиски дом се одржа промоција на стихозбирката “Ноќни белешки” на Весна Тодоровска, со техничка и логистичка поддршка на Фондација за култура и спорт “Куманово”. Авторот во делото го анализира своето видување за градбата на мостовите на животот, сопствената поетика за годините и растежот низ нив за сопственото осознавање и толкување на белезите на времето. Рецензенти на настанот беа директорката на ЈОУ Библиотека “Тане Геогриевски” Христина Алексовска и професорката по македонски јазик Катерина Костадиновска. Дел од промоцијата беа поранешни ученици на Тодоровска, кои интерпретираа извадоци од “Ноќни белешки”, а присутните проследија и кратка музичка програма.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст