Првомајска честитка од градоначалникот на Општина Куманово
Почитувани сограѓани,
Ви го честитам денешниот празник, Меѓународниот Ден на трудот – Први Мај. Секој кој работи и се труди придонесува за нашето општество, а со тоа и за поубава иднина на новите генерации.
На сите работници и работнички им се заблагодарувам за трудот кој го вложуваат за да го унапредат нашето општество. Од нив зависи нашиот напредок како држава, меѓутоа и од нас зависи, колку ние како политичари ќе им овозможиме достоинствени услови за работа, како и пристојна плата соодветна на нивната значајна улога во општеството.
Да бидеме горди и исполнети со она што го работиме, но и истрајни во борбата за исполнување на работничките права. Нашата обврска е да обезбедиме услови во кои работниците ќе ја сакаат својата работа и ќе бидат ценети, ќе се чувствуваат вреднувани и заштитени на своето работно место знаејќи дека државата секогаш стои зад нив, подготвена да ги заштити и да ги унапреди.
Денешниот ден е потсетник дека мораме да направиме сѐ нашите работници да бидат задоволни, среќни и мотивирани, само така можеме да одиме напред.
Честит Меѓународен ден на трудот!