Работилница на тема “Улога на жената во превенција и развивање на резилентност кај децата од насилен екстремизам и радикализација”
Денеска во кружната сала во зграда на поранешни општествено – политички организации се одржа работилница на тема “Улога на жената во превенција и развивање на резилентност кај децата од насилен екстремизам и радикализација”.Оваа работилница е во рамки на проектот “Активно вклучување и влијание на сите актери во превенција и спротивставување на насилен екстремизам во РСМ”, кој го спроведува Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе “Отворена порта” Скопје, согласно со потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу општина Куманово и ова Здружение. Работилницата е организирана од страна на Гешталт центарот “Младен Костиќ” Аспекти – Скопје, како ре-грантист на “Отворена порта”. Проектот е финансиски поддржан од Европската унија во рамки на ИПА Програмата. Работилницата беше интерактивна и искуствена, наменета само за припаднички на понежниот пол. Присуствуваа претставнички од општински основни и средни училишта, членки на Совет на општина Куманово, Општински совет за социјална заштита и Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.