Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на Локален економско –социјален совет

Воспоставување демократски и социјален дијалог во функција на постигнување на траен и стабилен социјален мир, како и активно вклучување на сите социјални партнери во процесот на одлучување по значајни прашања од економско и социјално значење за развивање на локалната заедница, се основа на Локален економско – социјален совет на општина Куманово. По тој повод денеска во просториите на Општината се одржа работна средба за именување на ново раководство на Локален економско–социјален совет. За претседавач на ЛЕСС е избран Најден Бајдевски, заменик е Миле Спасовски. Составот на ова тело ќе се прошири со нови членови од: Агенција за вработување, СВР, Центар за социјални работи, Занаетчиска комора, Сектор за култура и медиуми.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст