18 – та роденденска прослава на ЗРЦЛИП “Порака наша” – Куманово
Вработените и корисниците на услуги во Центар за рехабилитација и реинтеграција на лица со интелектуална попреченост над 18 – годишна возраст “Порака наша” – Куманово го прославија 18 – тиот роденден на институцијата. На отворениот ден посетителите имаа можност да се дружат со корисниците, разговарајќи за активностите и предизвиците со кои се соочуваат, како и да ги видат нивните персонализирани производи, кои беа на продажба.
Главна цел на отворениот ден е подигање на јавната свест и инклузија на лицата со попреченост, како и изнаоѓање на нови можности за задоволување на потребите и интересите на оваа категорија на граѓани и нивните семејства.
Беше промовирана новата социјална услуга,како и проектот „Зборувај тивко, делувај гласно“ на општина Куманово и “Порака Наша”, спроведен од страна на Мрежата на здруженија на локални власти од Југоисточна Европа и ЗЕЛС, а финансиски поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка. Центарот доби машини за печатење и репроматеријали, кои ќе се користат за изработка и продажба на производи, овозможувајќи осамостојување и независно функционирање на овие лица, како составен дел на секое демократско општество.
Присуствуваа претседателката на Совет на општина Куманово Ѓорѓиевска, раководителот Крстевски и претставници на општинска администрација.