Раководител:Сунај Мустафа
тел.072/252-957
e-mail: sunaj.mustafa@kumanovo.gov.mk
Секторот за правни работи, имотно правни и општи работи ја обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на Одделението за правниработи, имотно правни и општи работи, кои се во негов состав.
Одделенија:
– Одделение за правни работи и имотно правни работи
Одделението за правни работи и имотно правни работи ги врши работите што се однесуваат на: застапување на општината пред судовите и државните органи во Република Македонија, се грижи за општинскиот недвижен имот, негово администрирање со инвестиционо и тековно одржување, спроведување на постапка за концесии и јавно приватно партнерство, промовирање на интересите на општината за концесии и јавно приватно партнерство, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
– Одделение за општи работи
Одделението за општи работи ги врши работите што се однесуваат на: следење и применување на законите, прописите и општите акти за канцелариското и архивското работење, прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите на месните заедници , подготовки за цивилна и противпожарна заштита, работи за возниот парк, достава на акти и други помошно-технички работи, врши и други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Сектор за финансиски прашања
Раководител со задолжување: Виолета Димитриевска
тел.
e-mail: [email protected]
Секторот за финасиски прашања ги обединува, координира, контролира и ја следи и унапредува меѓусебната соработка на одделението за буџетска координација, оддлението за буџетска контрола, одделението за сметководство и плаќања и одделението за јавни набавки, кои се во негов состав:
Одделенија:
– Одделение за буџетска координација
Одделението за Буџетска координација ги врши работите што се однесуваат на координирање на процесот на подготвување, изготвување, изменување и дополнување на буџетот и на (годишни, квартални и месечни)буџетски и стратешки планови на општината и општинските буџетски корисници. Координирање на процесот на развој, воспоставување, спроведување и одржување на финансиското управување и контрола.Давање предлози за воспоставување/укинување на ех ante финансиска контрола со вршење на проценка на ризик и ажурирање на процедурите за работните процеси во областа на финансиското управување и контрола. Задолжително давање на мислења по предлог актите што ги изготвуваат другите организациони единици во субјектот и предлог актите на други субјекти кои имаат или може да имаат финасиски импликации за буџетот на општината. Изготвување план за воспоставување на финансиското управување и контрола како и методологијата за спроведување на планот кои ги одобрува раководителот на субјектот. Следење и примена на законската регулатива од областа на буџетското работење. Давање на мислење по предлог на актите што ги изготвуваат другите организациони единици во општината и предлог актите на други субјекти кои имаат или можат да имаат финансиски импликации за буџетот на општината. Подготовка на извештај за реализирани програми, проекти и договори. Подготовка на извештај за активностите за воспоставување и развој на финансиското управување и контрола. Вршење на самопроценки на одделни процеси на системот на финансиско управување и контрола. Подготовка на Годишниот финансиски извештај и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
– Одделение за буџетска контрола
Одделението за Буџетска коонтрола ги врши работите што се однесуваат на контролирање на извршувањето на буџетот. Контролирање на извршувањето на утврдените политики и оперативно управување (надзор над целокупниот процес за финасиското управување и контрола). Контрола на следење на реализацијата на договорите за јавни набавки и спроведува еx ante и ex post финасиска контрола – вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози , приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки). Контрола на изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот. Контрола на следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандартди, упатства) од областа на финасиското управување и контрола. Контрола на раположивоста на планираните стредства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските, контрола на плати во општина и општински буџетски корисници и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
– Одделение за сметководство и плаќања
Одделението за сметководство и плаќања ги врши работите што се однесуваат на спроведување сметководствено евидентирање за извршување на буџетот/финасискиот план и подготвувањетона годишна сметка и годишен извештај (биланс на состојба, биланс на приходите и расходите, консолидиран биланс на капиталниот имот, биланс на задолжување и белешки/образложение кон финансиските извештаи). Сметководствено евидентирање на основните средства на општината, евидентирање и наплата на побарувањата и евидентирање и плаќање на достасаните обврски, материјално и даночно сметководство. Буџетското и финасиското известување. Заштитата за средствата и обврските чија вредност е евидентирана во билансот на состојба. Изготвување на годишни, квартални и месечни финансиски извештаи за буџетот на општината и неговите органи во состави и единки корисници согласно законските прописи. Ex ante сметководствена контрола на целокупната документација пред да се изврши плаќањето согласно пишаните процедури за смнетководствените процеси. Следење и примена на законската регулатива од областа на сметководственото, материјалното и финансикото работење. Секојдневно водење на благајнички работи. Пресметка и исплата на платите на вработените во општина и општински буџетски корисници. Врши усогласување на состојбите во даночната евиденција, сметководство и евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата за даноците, придонесите и таксите и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.
Одделение за јавни набавки
Раководител на одделение: Дарко Станојковски
тел.072 321 470
e-mail: [email protected]
Одделението за јавни набавки ги врши работите што се однесуваат на следење и примена на законската регулатива од областа на јавните набавки. Подготовка на интерни акти/процедури за јавни набавки. Координирање на потребите за јавни набавки во субјектот и подготовка на годишен план за јавни набавки. Следење на извршувањето на годишен план за јавни набавки.
Подготовка за решенија/одлуки за јавна набавка и договори и барања согласности за јавни набавки. Подготовка на огласи за јавни набавки и тендерска додкументација. Водење евиденции на јавните набавки што се вршат во субјектот по видови на постапки и евиденции на другите набавки по видови. Изготвување договори за јавните набавки. Координирање, изготвување и следење на реализацијата на порачките согласно склучените договори за јавните набавки и вршење на други работи што ќе му бидат доверени од Советот и Градоначалникот.