SPEAK UP FORUM 3 – младинска работилница
Центар за климатски промени во соработка со Општина Куманово и УНИЦЕФ, денеска беше организатор на младинска работилница, во рамки на проектот “Младинска акција за чист воздух”, во големата сала на поранешен Комитет, Куманово.
На работилницата, учесниците ги претставија нивните барања за почиста животна средина, почист воздух и дискутираа за можна реализација на нивните идеи од повеќе аспекти, во соработка со општествените институции.
Проектот има за цел да ги изгради капацитетите на младите за лобирање и застапување, но и да ја поттикне младата популација да го крене гласот својот глас во борбата за чист воздух на локално ниво.
На настанот активно учествуваше претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска заедно со претставници од Одделението за заштита на животната средина и природата при Општината.