Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Спроведување активности на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби”

Денеска во просториите на општина Куманово секретарот на Општината, претседателката на Советот, раководителот на Сектор за образование и претставник од Одделение за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој (ЛЕР),  одржаа работен состанок со претставници на Детската фондација “Песталоци” и Здружението за асистивна технологија “Отворете ги прозорците” – Скопје. Целта на средбата се започнатите активности на проектот “Инклузија на деца со посебни образовни потреби” на споменатото Здружение, поддржан од “Песталоци”. Проектот ги опфаќа учениците со попреченост, оние кои се надвор од образовниот процес и ученици со надмината возраст. Беше дискутирано за спроведување на процесот на инклузија за претстојните обуки на наставници и асистивна технологија, како и за теренски активности, кои ќе бидат преземени во општинските основни училишта “Христијан Карпош” и “Наим Фрашери”.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст