Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Талентирани ученици дел од Детската ликовна колонија “Пчиња 2023”

Хуманитарното здружение “Мајка” во соработка со ООУ “Браќа Миладиновци”-Куманово денеска ја продолжија културната традиција со отворање на Детската ликовна колонија “Пчиња 2023”. Оваа културна манифестација се одржа во училишниот двор на подрачното училиште во с.Пчиња, која е финансиски поддржана од општина Куманово преку Програмата за културни манифестации на Општината за 2023 година. На Детската колонија учествуваа ученици од општинските основни училишта: “Браќа Миладиновци”, “Крсте Мисирков”, “Кочо Рацин”, “Христијан Карпош” и “Св.Кирил и Методиј”-подрачно училиште во Агино село. Учениците ќе имаат можност да го претстават својот талент творејќи на тема “Убавините на реката Пчиња и Бислимската клисура”. Ликовната колонија ја отвори претседателката на Совет на општина Куманово, која го изрази своето задоволство што Општината поседува голем број на надарени ученици во областа на ликовната уметност, кои се беспрекорни во ликовниот ангажман, посакувајќи им понатамошно развивање во оваа област, создавајќи сериозни уметнички дела.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст