Триесет и шеста седница на Советот на Општина Куманово
На 22 јануари 2024 година (понеделник), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи триесет и шеста седница на Советот на Општина Куманово
Дневен ред
- Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2023 година;
- Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2024 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за ангажирање на 30 (триесет) работници во 2024 година преку приватна агенција за вработување;
- Предлог – Одлука за впишување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за определување на надоместок на услуга за вршење на енергетска дејност снабдување со природен гас на потрошувачи приклучени на системот за дистрибуција;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бод за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2024 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за ангажирање на 3 (тројца) извршители во 2024 година преку приватна агенција за вработување;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод за пресметување на платите на вработените во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2024 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Водовод“ – Куманово за вработување на 5 (пет) работници во 2024 година на определено време преку јавен оглас;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Водовод“ – Куманово за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници во 2024 година преку агенција за привремени вработувања;
- Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за градежна парцела на К.П. бр. 24038 за поместување на граници кон соседни градежни парцели на К.П. бр. 24039, К.П. бр. 24069/1, К.П. бр. 24069/2, К.П. бр. 24070/1, К.П. бр. 24070/2, со намена А1-домување во куќи, КО Куманово, од ДУП за дел од МЗ Трета МУБ (УЕ 18 и УЕ 19) и дел од МЗ Бајрам Шабани (дел од УЕ 11) – Општина Куманово.