Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Воведна средба за почеток на имплементација на проектот “Заедници со интегритет” во Општина Куманово

Претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска и раководители на одделенија и сектори од Општина Куманово, присуствуваа на денешната воведна средба, со која започна имплементацијата на проектот “Заедници со интегритет”, дел од Швајцарската програма за соработка во РС Македонија, во организација на Националниот демократски институт – НДИ.

Програмата има за цел да им помогне на општините од земјава да создадат и институционализираат силни системи и практитки за интегритет, кои ги минимизираат ризиците од корупција и ја зголемуваат довербата на граѓаните.

Во проектот покрај Општина Куманово, опфатени се и општините Битола, Боговиње, Гази Баба, Струмица и Штип.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст