Започна проектот “Млади атлети” наменет за деца со посебни потреби
Градоначалникот Максим Димитриевски, денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово, Специјална олимпијада Македонија – Скопје и Здружението за промоција и развој на инклузивно општество – “Инклузива”, со поддршка на НЛБ Банка, која донираше спортска опрема за организирање на спортски активности.
Меморандумот е дел од процесот на реализација на заеднички активности за унапредување, промоција и развој на инклузивната локална заедница, подобар и поквалитетен начин на живот и остварување на правата на децата/лицата со попреченост и нивните семејства.
Потпишаниот документ го означи и стартот на проектот “Млади атлети”, наменет за деца од 3 до 12-годишна возраст, кој има за цел да ја развива моторната и социјалната способност.