Заврши првиот дел од проектот “Млади атлети” во ООУ “Кочо Рацин” – Куманово
Завршниот час од спортските активности наменети за деца со посебни потреби, во рамки на програмата “Млади атлети”, се одржа денеска во ООУ “Кочо Рацин” – Куманово. Проектот опфаќа деца од 3 – 12 годишна возраст и има за цел да ги развива моторните и социјалните вештини, односно да ја поттикнува нивната инклузивност. Активностите се изведуваат со помош на обучени наставници по физичко образование.
Програмата е реализирана во соработка помеѓу Општина Куманово, Специјална олимпијада Македонија – Скопје и Здружението за промоција и развој на инклузивното општество – “Инклузива”.
Денешниот последен час од првото полугодие, помина во весело и разиграно дружење. Дечињата ги израдува Дедо Мраз, кој заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација им поделија пакетчиња, со желби за добро здравје во Новата 2024 година.