Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓународен саем на органски и традиционални производи

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска пред комплексот Затворен и отворен градски базен-Куманово беше отворен 4-тиотМеѓународен саем на органски и традиционални производи, кој има изложбено-продажен карактер. Организатор на саемот е ЗдружениетоЖивот-Куманово, а покровители се Општина Куманово, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ и Комора на органски производителиКОП. Оваа година имаучесници од здруженија и организации, кои ја негуваат нашата традиција и ги зачувуваатстарите занаети, предводени од Занаетчискатакомора на РСМ. Покрај органски производители, учествуваа оператори со храна и компании, кои се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување на прехранбени производи, како и производители и увозници на инпути за органско производство. Учесниците се од: РСМ, Србија, Бугарија, Ерменија, Руска федерација, Словачка, Црна Гора, Албанија, Косово. Овој саем има за цел да им помогне на партнерите да ги согледаат предизвиците, со кои се соочуваат, да ги надминат истите, да ги развијат и да ги подобрат деловните контакти на локално ниво и во регионот на централна и југоисточна Европа, како и да започнат релевантно вмрежување на глобално ниво. На саемот свое обраќање имаше градоначаникот на Општина Куманово Димитриевски, кој истакна дека препораките за понатамошни мерки за подобрување на животот во руралните средини, дадени од експертите за рурален и земјоделски развој, како и претставници од Сектор за развој на рурален туризам, ќе бидат чекор напред во оваа бранша.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст