Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

30-та културно-книжевна манифестација "Карадачки поетски средби"

Денеска во Занаетчиски дом се одржа 30-тата традиционална културно-
книжевна манифестација "Карадачки поетски средби", која ја организира
Клубот на писатели “Јехона е Карадакут”-Куманово, а воедно беше
одбележана и 30-годишнина од основањето на Клубот. Како еден од
првите невладини здруженија во независна Македонија, клубот активно е
вклучен во културниот живот во Куманово, презентирајќи ја својата
култура и традиција во нашиот град, но и надвор од границите на нашата
држава. На Свечената академија беше прикажан документарен филм за
“Јехона е Карадакут”, беа доделени награди и благодарници на поетите-
учесници на културната манифестација. Досега Клубот има издадено 60
броја на списанието “Дорунтина”, како и голем број објавени дела во
рамките на издавачката дејност. Градоначалникот на Општина Куманово
Димитриевски во своето обраќање истакна дека Општина Куманово ги
поддржува традиционалните културни настани, кои се олицетворение на
различни етнички заедници, со цел да го сочуваме културното богатство.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст