Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Пријавете се за учество во Адреналинско шоу – ТРИУМФ

Општина Куманово ќе земе учество во натпреварот помеѓу општините во Македонија “Адреналинско шоу-ТРИУМФ” кое ќе се емитува на You Tube каналот на Lazarov и платформата GLEY.

За таа цел ќе се одржи кастинг за формирање на тимот кој ќе ја претставува Општина Куманово во состав од 2 машки лица и 1 женско лице согласно правилата за учество на организаторот.

Критериумите за учество се следните:
– Полнолетни лица,
– Физички подготвени,
– Ентузијасти за адреналински предизвици,
– Со медицинска потврда за способност за учество во натпреварување,
– Со адреса на живеење во општина Куманово.

За да се пријавите испратете ги вашите податоци (име, презиме, висина, тежина, возраст, адреса на живеење, телефонски број и фотографија) на igor.trajkovski@kumanovo.gov.mk или aleksandra.jovanovska@kumanovo.gov.mk најдоцна до 26.05.2024 година.

Кастингот на пријавените кандидати е предвиден да се одржи на 28.05.2024 година, во 18:00 часот на локација К4 (Бул. Октомвриска Револуција), каде што ќе се изврши селекција на пријавените кандидати преку неколку дисциплини и вежби и ќе бидат изберени 2 машки и 1 женско лице кои ќе ја претставуваат општината на натпреварувањето.

За учество на кастингот покрај претходна електронска пријава на горенаведените емаил адреси, потребно е на лице место да се приложи документ за идентификација како и медицинска потврда за способност за учество во оваа натпреварување.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст