“Блиски средби” – изложба на уметничка фотографија
Љубителите на уметноста, имаа можност да присуствуваат на свеченото отворање на традиционалната клупска изложба на уметничка фотографија – “Мајски салон 2024”, вечерва во НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, поддржана од Општината, како дел од годишната Програма за културни манифестации.
На поставката со наслов “Блиски средби”, беа изложени уметнички дела на автори од организаторот и домаќин, фото клуб кино “Козјак” и гостите, учесници од српскиот фото клуб “Лесковац”, кои потпишаа Меморандум за соработка и збратимување.
Манифестацијата беше збогатена со музичка изведба на КУД “Српски вез” – Куманово.
На изложбата присуствуваа претставници од општинската администрација.