Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

78 години од борбата во с. Пелинце и загинувањето на Ангел Лазаревски- Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи

Оваа година се навршуваат 78 години од борбата во село Пелинце и загинувањето на Ангел Лазаревски- Шајче и Трифун Ангеловски-Летеќи, борци на Кумановскиот одред, кои го остварија стремежот за победа над окупаторот и донесоа слобода на македонскиот народ. Традиционалното одбележување е организирано од страна на Општинскиот одбор на Сојуз на борци од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните продолжувачи Куманово.  Денеска  делегација од Општина Куманово, предводена од секретарот Гелевски и од Советот на Општината со претседателката Ѓорѓиевска положија свежо цвеќе пред споменикот од Народноослободителната борба во село Пелинце. Почит на паднатите борци оддадоа и: претставници на Сојуз на борци, семејството на Ангел Шајче, претставници од АРМ.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст