Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Аеросолизација во градот

Одделението за животна средина при Општина Куманово е во тесна соработка со министерството за животна средина кое пак е надлежно за одржување и редовно калибрирање на мерните станици за амбиенталниот воздух во Република Северна Македонија, континуирано ги следи промените на загадувањето во општината не само за воздухот туку и другите емисии на загадување како отпад, вода и почва.

Најновите информации за актуелниот проблем што граѓаните го посочија на надлежните, како резултат од податоците кои ги добиваат како информација, кои се од јавен карактер, добиени од мерната станица за квалитет на воздух во Куманово, општина Куманово и градоначалникот сака да ги запознае со ова Известување:

Мерната станица за мониторинг на амбиенталниот воздух последните десетина години е поставена во болничкиот круг на Кумановската Болница, непосредно до котелот за затоплување на истата. Анализата на информации добиени од мерната станица за каков тип на загадувач се работи од страна на надлежното министерство покажува дека најголемите пикови на загаденост е резултат од палење на фосилно гориво и истите се во период кога котелот за затоплување на болницата се пали, но после краток период се нормализира состојбата на штетните PM 2,5 и PM 10 честички. Овој проблем е детектиран од страна на општината и за истиот се преземаат соодветни мерки. Проектната документација за изградба на траса до болницата со цел гасификација на градската болница е во завршна фаза и прашање е на денови кога ќе се спроведе. Останува да видиме колку Министерството за здравство ќе наиде на нашето разбирање за решавање на овој круцијален проблем и истото одвои одредени средства кои се потребни за инсталација односно преадаптирање на грејниот котел од мазут на природен гас.

Градоначалникот Максим Димитриевски, како командант на Општински штаб за заштита и спасување, во координација со своите надлежни служби од штабот и Општинското одделение за заштита на животната средина и природата, го задолжи ЈП “Чистота и зеленило” да изврши аеросолизација на воздухот во централното градско подрачје каде концентрацијата на ПМ10 честичките е најголема, со што директно би се влијаело на зголемување на квалитетот на воздухот.Аеросолизацијата како метода, веќе е користена на територија на Општина Куманово и дава брзи резултати за намалување на загадувањето на воздухот во градот, кое во изминативе неколку денови беше неколку пати повисоко во однос на дозволените гранични вредности.

Градоначалникот и општината секогаш ќе бидат на располагање за изнаоѓање на решение кое е во интерес на граѓаните.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт