Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Безбедни училишта”-традиција на меѓусебно запознавање и почитување на различностите

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По повод Бадник денеска Градоначалникот на општина Куманово Димитриевски го посети СОУ “Перо Наков”-Куманово, каде се одржа настан како дел од проектот“Безбедни училишта”, организиран од страна на Отсекзапревенцијапри СВР Куманово.Идејатана учениците од  различни етнички заедници за заедничко одбележување на овој празник, се реализира по десетти пат, со почитување на мерките за заштита од ширење на корона вирусот. Целтаезапознавање на културата, традицијата и обичаите на етничките заедници за да се воспостави комуникација и градење доверба дека и покрај различностите, проблемите и предизвиците се исти за сите.Традиционално беше поделено бадниково лепче со паричка,во училишниот двор се засадија зимзелени садници и беаподелени заштитни маски.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст