“Безбедно дома и на улица” со деца од ЈОУДГ “Ангел Шајче”
Денеска на Спомен костурница се одржа трка со велосипеди насловена како “Мали велосипедисти 2022”. Овој настан е организиран од страна на Отсек за превенција при СВР Куманово во соработка со Општински совет за безбедност во сообраќај на патиштата, ЈОУДГ “Ангел Шајче” и ВК Вело М, во рамки на активности за деца од седум клонови на Градинката. Под мотото “Безбедно дома и на улица” се натпреваруваа најмалите, со цел да се истакне важноста на безбедноста во сообраќајот и градење на сообраќајна култура од најмала возраст. На настанот присуствуваше претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.