Велигденски концерт – хор “Св. Злата Мегленска
Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, вечерва во Занаетчиски дом – Куманово се одржа свечена манифестација со настап на женски камерен хор “Св.Злата Мегленска”, под диригентска палка на Летка Димовска Полизова.
На Велигденскиот концерт присуствуваа градоначалникот и претседателката на Советот на Општина Куманово, покровители на културно – уметничкиот настан, во организација на Фондацијата за култура и спорт – Куманово.