Дваесет и трета седница на Советот на Општина Куманово
Оваа објава е достапна и на: Albanian
На 27 февруари 2019 година (среда), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи дваесет и третата седница на Советот на Општина Куманово.
Дневен ред
- Усвојување на записниците од Дваесеттата и Дваесет и првата седница на Советот на Општина Куманово
- Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2018 година;
- Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2019 година;
- Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2018 година;
- Оперативна програма на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето на Општина Куманово во 2019 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2019 година;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2018 – 31.12.2018 година;
- Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2018 – 31.12.2018 година;
- Извештај за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2018 – 31.12.2018 година;
- Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2019 година;
- Програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;
- Извештај за стекнати и распределени средства во 2018 година од ОСТУ „Наце Буѓони“ Куманово;
- Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на јавните службеници во ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за 2019 година;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за IV квартал од 2018 година;
- Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2018 година;
- Предлог – Одлука за прифаќање на донација;
- Предлог – Одлука за давање на користење на возило на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
- Предлог – Одлука за давање на трајно користење на урбана опрема – дрвени куќички на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
- Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово.