Димитриевски на меѓународен симпозиум на тема “Високото образование во ерата на дигиталната технологија”
Во рамките на одбележување на 20-годишниот јубилеј на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, беше организиран меѓународен научен и стручен симпозиум на тема “Високото образование во ерата на дигиталната технологија”. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски беше еден од говорниците на панел дискусијата, во делот на примена на новите дигитални технологии во локалната самоуправа. На овој симпозиум активно учествуваа истражувачи и практичари од различни научни области, при што се водеше научна дискусија за меѓусебните врски и влијанијата помеѓу научните области и современите дигитални технологии и вештачката интелигенција.