Дневен ред на дваесет и третата седница на Совет на општина Куманово
На 05 април 2023 година (среда) во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи дваесет и третата седница на Совет на општина Куманово, по следниот
Дневен ред
1. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година – зимско одржување;
2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
3. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
4. Предлог – Одлука за давање согласност на Измени и дополнувања на Годишен план за вработување во 2023 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
5. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
6. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;
7. Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
8. Предлог – Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
9. Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
10. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;
11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;
12. Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
13. Предлог – Одлука за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта;
14. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
15. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2023 година;
16. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година.