Дневен ред на седмата седница на Совет на Општина Куманово
На 07 април 2022 година (четврток) во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации со почеток во 12:00 часот, ќе се одржи седмата седница на Совет на Општина Куманово по следниот дневен ред:
Дневен ред
1. Информација за анализа на состојбата во јавните претпријатија, јавните установи и основните и средните училишта во Општина Куманово по зголемувањето на цените на енергенсите за греење за периодот декември 2021 – февруари 2022 година во споредба со периодот декември 2020 – февруари 2021 година;
2. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2021 година;
3. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2021 година;
4. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.10.2021 – 31.12.2021 година;
5. Извештај за работа со Годишна сметка на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2021 година;
6. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2021 година;
7. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2021 година;
8. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2022 година;
9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цени на дополнителни услуги кои ги врши Одделението за собирање и транспортирање на отпад при ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
10. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на гробно место и гробарина;
11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за утврдување на цени на влезници за користење на Затворен градски базен во Куманово;
12. Предлог – Одлука за утврдување на цени на услугите за собирање и транспортирање на комунален отпад во Општина Куманово;
13. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2021 година;
14. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2021 година;
15. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2021 година;
16. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
17. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
18. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2021 година со финансов извештај;
19. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2021 година;
20. Извештај за реализација на Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2021 година;
21. Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита во Општина Куманово за 2021 година;
22. Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23 -ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници;
23. Предлог – Одлука за донесување на План за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи на Општина Куманово;
24. Предлог – Одлука за изменување на Одлуката за именување на членови на Штаб за заштита и спасување во Општина Куманово;
25. Предлог – Одлука за поставување на должност на командири на просторни единици за заштита и спасување во Општина Куманово;
26. Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Кумнаново за период јули – декември 2021 година;
27. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 13, плански опфат меѓу пешачка патека, регионален пат Р1204, пешачка патека и ул. „Новопланирана“ – Општина Куманово;
28. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
29. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
30. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за комунални дејности на Советот на Општина Куманово;
31. Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на претседател на Комисијата за статут и прописи на Советот на Општина Куманово;
32. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
33. Предлог – Одлука за именување на членови на Oдборот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово;
34. Предлог – Одлука за именување на членови на Oдборот за надзор на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово.