Дневен ред на четиринаесетта седница на Совет на Општина Куманово
На 21 октомври 2022 година (петок), во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи четиринаесеттата седница на Совет на Општина Куманово по следниов
Дневен ред
- Предлог – Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Куманово;
- Информација за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2022 година;
- Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово со финансиски план за 2022 година;
- Програма за дополнување на Програмата за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2022 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижна ствар која треба да биде предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
- Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2021/2022 година;
- Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2022/2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово за ангажирање на 6 (шест) работници по пат на отстапување од агенција за привремени вработувања за период до 1 (една) година;
- Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Североисточниот плански регион (СИПР) 2021 – 2026, за 2021 година;
- Извештај за работење на Центарот за развој на Североисточниот плански регион за 2021 година со финансов извештај;
- Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2022 година;
- Предлог – Програма за изменување на Програмата за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за паркинг простори и јавно осветлување „Куманово – паркинг‘‘ Куманово;
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за II квартал од 2022 година;
- Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Одлука за користење на мобилен телефон на членовите на Советот на Општина Куманово, согласно договорот за јавна набавка на мобилни комуникациски услуги бр. 37-УП1-4910 од 07.09.2022 година;
- Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;
- Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за финансирање и Буџет на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за констатирање престанок на мандат и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;
- Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Органот за надзор на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто” – Куманово;
- Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управниот одбор на ЈОУД Детска градинка „Ангел Шајче” – Куманово – претставник од родителите на децата;
- Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Oдборот на Фондацијата за култура и спорт „Куманово” – Куманово.