Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Европски Ден на спортот во училиштата 2021

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

По иницијатива и под покровителство наГрадоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски, во организација на  Општински сојуз на спортови, Општински сојуз на училишен спорт и Здружението на спортски педагозиКуманово, во соработка со Секторот за образование при Општина Куманово, денеска на Спомен костурница се одбележа европскиот Ден на спортот во училиштата 2021. Овој ден се одбележува со физички активности од страна на ученици од основни и средни училишта од Општина Куманово и основни училишта од Општина Старо Нагоричане. Градоначалникот на Општина Куманово Димитриевскиприсуствуваше на спортскиот настан, проследувајќи ги вежбите на скали, пешачење и лесно трчање со штафетни палки, мал фудбал, игра на два гола на фудбалски терен со пилатес топка, ракомет, серва. Целта на овој масовен спортски настан е спроведување на физичкиактивности, кои кај учениците ќе поттикнатзабава и рекреација, во функција на превенција и унапредување на нивното здравје

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст