Запознавање со целите на Националната платформа за женско претприемништво – НПЖП
Предлог – иницијатива за донесување на одлука за формирање на Комисија за поддршка на женско претприемништво, беше донесена на работната средба денеска во Општина Куманово, согласно потпишаниот Меморандум за соработка помеѓу НПЖП со Општината и со ЛЕСС – Куманово.
Беа потенцирани можностите за започнување на бизнис и тековна поддршка на жените претприемачи, нивна мотивација и едукација за да се планираат конкретни активности на локално ниво, со поддршка на ЛЕСС и другите тела кои работат во рамките на Општина Куманово.
Состанокот го отвори претседателката на НПЖП, Валентина Дисоска, која ги изложи досегашните и идните активности поврзани со проектот, присуствуваа локалната координаторка за Североистоечен плански регион, Дивна Јанкова, претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, како и претставници од бизнис секторот и институциите кои ќе бидат дел од Комисијата за поддршка на женско претприемништво.