Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени признанија на учесниците од наптреварот со цртежи – моден дизајн

Во организација на НВО Пулсот на демократијата – Куманово, вечерва во Занаетчиски дом се одржа културно – уметнички настан на кој беа презентирани 25 цртежи со модни креации, остварувања на 22 ученици од насоката моден дизајн од СОУ“Перо Наков”, СОУ “Сами Фрашери” и ООУ “Наим Фрашери” од Куманово.

На учесниците им беа доделени награди за првите три места и сертификати за учество на натпреварот, плакети и благодарници за претставниците од Општина Куманово.
На настанот присуствуваа службеникот за млади при Општина Куманово, Мартин Крстиќ, раководителот на Секторот за култура, Александар Крстевски, заменик на Министерот за култура, Даим Лучи и други.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст