Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ивана Ѓорѓиевска е нов претседател на Совет на Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

На денешната прва конститутивна седница на новоизбраниот состав на
Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска од граѓанската
иницијатива “За наше Куманово” со мнозинство од членовите на Советот
беше изгласана за нов претседател на Совет на Општината. Ѓорѓиевска ќе
ја извршува функцијата претседател на Совет на Општина Куманово во
претстојниот период.
Согласно дневниот ред, беа исцрпени сите предвидени точки, како и
дополнителните:
-Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за
финансирање и буџет на Советот на Општина Куманово
-Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за
комунални дејности на Советот на Општината.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст