Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан четириесет и осми состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 05.10.2020 година (понеделник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска  во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

Во врска со зголемување на мерките за заштита во ковид кризата и најавата за прогласување на денот недела како неработен ден за угостителските објекти, ОШЗС предлага на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство и Влада на РСМ од оваа мерка да се изземе Општина Куманово.  ОШЗС Куманово смета дека мерките и препораките на Владата во угостителските објекти на територија на Општина Куманово се почитуваат на задоволително ниво и е потребно само дополнителна контрола од надлежни инспекциски служби.

Сметаме доколку се донесе една таква рестриктивна мерка на тој начин ќе се зголеми групирање на млади луѓе во паркови, детски игралишта, организирање на забави во приватни куќи и викендици, при што ќе се зголеми ризикот од ширење на епидемијата.

Апелираме до сите организатори и учесници на протестите поврзани со образовниот процес да се почитуваат мерките за носење на заштитна опрема и одржување на минимум два метри дистанца. Во спротивно, истите претставуваат голем потенцијален ризик за ширење на епидемијата помеѓу самите учесници на протестите, граѓаните и случајните минувачи.
ОШЗС ја информира јавноста дека заклучно до денес 05.10.2020 година епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е следна:

Вкупно регистрирани позитивни случаи 1473;

Вкупно оздравени случаи 1164;

Вкупно починати лица 49;

Вкупно активни случаи 260.

Од предходните податоци евидентно е дека епидемиолошката состојба на територија на Општина Куманово е сериозна и бараме и апелираме до граѓаните да се почитуваат сите мерки донесени од Влада на РСМ и Комисијата за заразни болести.

 

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст