Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ИЗВЕСТУВАЊЕ Од одржан шеесет и четврти состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 14.02.2021 година (недела)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во просториите на општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со состојбата од снежните врнежи. На состанокот беа презентирани информации во врска со превземени активности за расчистување на снегот од сообраќајниците од страна на ангажираниот правен субјект како и Јавните претпријатија. Се расчистува конинуирано. Ангажирани се пет машини за расчистување во централното градско подрачје од страна правниот субјект. За расчистување на приградските населби ангажирани се две машини од истиот правен субјект како и дополнително две машини од ЈП „Водовод“.

Сите екипи на ЈП „Чистота и зеленило„ се ангажирани за расчистување на пешачки површини и премини, како и градските плоштади.

Се задолжува Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат да ги ангажира сите комунални инспектори и редари да излезат на терен, да направат увид дали се расчистени пешачките површини пред дуќаните, кое што претставува нивна законска обврска и да им дадат задолжение, доколку тоа не го сториле,  да го сторат истото.

Се задолжува ЈП „Куманово паркинг“ да ги ангажира своите вработени за расчистување на паркинг местата со кои стопанисуваат, како и пајак службата за испомош и остранување на возила од јавните површини заради непречено расчистување на сообраќајниците.

Се задолжува ЈП „Пазаришта“ да ги ангажира своите вработени за расчистување на приодните јавни површини до градските пазари.

Апелираме до граѓаните, кои ги чистат снежните наноси пред дворните места и тротоарите, снегот да го складираат на одредени точки, но да не го исфрлаат на улиците, бидејќи создаваат дополнителен проблем во проодноста на улиците и непречено движење на возила.

Врати се на врвот
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com
Големина на фонт
Боја на контраст