Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување Од одржан шеснаесети состанок на Општински штаб за заштита и спасување, на ден 31.03.2020 година (вторник)

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денеска во просториите на Општина Куманово се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус). На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

  • Се задолжуваат стамбените домари (Вектор плус, Стамбен домар, Стамбен сервис, Проект 142) да вршат дезинфекција на стамбените згради за кои имаат договор за одржување секој ден и хигиената да ја држат на задоволително ниво, а пумпи за дезинфекција ќе добијат од Општински штаб за заштита и спасување
  • Се задолжува ЈП Пазаришта Куманово да ги отвори зелените градски пазари за потребите на граѓаните да можат да се снабдуваат со прехранбени стоки и земјоделски производи. Тоа да се одвива под посебен режим на работа во деновите вторник, четврток и недела со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Во тој период да се воведе задолжителна редарска служба. Купувачите да се контролираат и да носат заштитни маски, а продавачите ракавици и заштитни маски. Да се почитуваат препораките на Владата за држење минимум растојание од 2 метри помеѓу купувачите и продавачите и купувачите меѓусебе. По завршување на работниот ден задолжително да се дезинфекцира целата површина на пазарот. Напомена: Градските пазари ќе се користат исклучиво за продажба на земјоделски производи и прехрамбени продукти.
  • Општински кризен штаб ја задолжува Општина Куманово да отвори шест пунктови за дезинфекција на возила и во најкус можен рок и дополнителни по потреба за целосно покривање на територија на Општина Куманово. Бараме од МВР да обезбеди асистенција на самите пунктови
  • Општински кризен штаб ја задолжува Општина Куманово да достави дополнителна количина на гориво по барање на ЈП Чистота и зеленило кое ќе се користи во постапка за дезинфекцирање
  • Препорака до МВР редовно да ги контролира банките, пошта и сите места каде се врши исплата на плати и пензии и да се почитува препораката за држење на растојание помеѓу граѓаните на најмалку 2 метри

 

Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово

Врати се на врвот
Големина на фонт