Известување од Сектор за инспекциски надзор-Инспекторат при Општина Куманово
Врз основа на барање од страна на Секторот за комунални работи, инфраструктура и сообраќај и заштита на животната средина и природа, со цел реализација на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година, како и согласно План на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година, Секторот за инспекциски надзор – Инспекторат при Општина Куманово Ве известува дека ќе отпочне постапка за остранување на сите времени објекти на катастарските парцели во државна сопственост со КП 14229/1, лоцирана на ул.”Октомвриска револуција” бр.55 КО Куманово (локалитет Табакана) и КП 14204/1 лоцирана на ул.”Пионерска” бр.2 за КО Куманово (локалитет Табакана).