Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

42 години од смртта на Јосип Броз Тито

Денеска се одбележаа 42 години од смртта на Јосип Броз Тито, доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. По тој повод, делегации предводени од градоначалникот на Општина Куманово и претседателката на Совет на Општината положија свежо цвеќе пред спомен плочата на Тито. Почит оддадоа и претставници на Здружението на армиски и полициски ветерани и армиски воени старешини, како и останати Здруженија и граѓани, кои се почитувачи на неговата активност и дело. Јосип Броз Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување и еднаквост меѓу народите, симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст