Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Поради ситуацијата со корона вирусот во државата, од денес 15.03.2020 (недела), општина Куманово воведува услуга за асистенција на болни и изнемоштени граѓани. Овие категории на лица ќе можат да се јавуваат на телефоните 075 207 126 и 077 719 494, по што од страна на лице од општината ќе им бидат набавени и доставени бараните производи и лекови, а за кои самите граѓани ќе си ги покријат трошоците.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат препораките и законските одредби на Владата на Република Северна Македонија, како и препораките дадени од општината, да се однесувааат одговорно кон своето здравје и кон здравјето на сите во заедницата.

Врати се на врвот
Големина на фонт