Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување oд Сектор за даноци и такси од Општина Куманово

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Се известуваат сите даночни обврзници ( физички и правни лица ) кои во наредниот период на своја адреса ќе добијат решение за присилна наплата, веднаш да пристапат кон плаќање на наведениот долг во согласност со решенијата за присилна наплата, со што би се избегнала непопуларната мерка – блокада на сметки во деловните банки. Решенијата за присилна наплата на фирмарина ( односно назив за деловна просторија ) се достасани, субјектите ги имаат добиено на своите адреси ( седишта ) преду АД за поштенски сообраќај Македонска пошта и оние субјекти кои го немаат подмирено својот долг од денеска ќе почнат и да бидат блокирани во деловните банки. Доколку даночните обврзници кои се опоменати , или на кои им е испратено решение за присилна наплата во меѓувреме го имаат платено долгот, треба да се обратат во просториите на Општина Куманово, Сектор за даноци и такси со доказ за уплата на долгот. Даночните обврзници кои немаат добиено решение за данок на имот или кои ќе констатираат несовпаѓање на наведената состојба во решението со фактичката состојба, имаат обврска со соодветна документација да се обратат во Општина Куманово, Сектор за даноци и такси, административна здрада на поранешен АД Козјак, наспроти Градскиот стадион, канцеларија бр. 3 и бр.10.

Ненад Стојановски,

Овластен Раководител на Сектор за даноци и такси

Врати се на врвот
Големина на фонт